Се информираат обврзниците на радиодифузна такса дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, доставата на декемвриските и јануарските Решенија за радиодифузна такса ќе се врши во месец Февруари, односно е веќе отпочната.
Плаќањето на Радиодифузната такса за овие две Решенија (Декември и Јануари), граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата.
Користете електронски сервиси за проверка и плаќање на Радиодифузна такса!
Користете ја услугата е- РДТ https://etax.ujp.gov.mk за да вршите преглед и плаќање на Радиодифузната такса. Плаќањето на РДТ преку интернет се врши со безготовинска картичка издадена од домашна банка (Visa, Maestro и MasterCard).
Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp
За повеќе информации преземете го флаерот „е-Радиодифузна такса“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59).