Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар

Се известуваат сите заинтересирани лица дека на ден 17 март 2016 година, со почеток во 10 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на испит за добивање уверение за рибочувар.

За полагање на испитот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се доставува барање кое содржи:

– Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање, степен на образование.

Кон барањето за полагање на испитот кандидатот приложува докази за исполнување на следниве услови:

– да е државјанин на Република Македонија и да е полнолетен.

Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот.

Известување за уверение за рибочувар