Ќе се асфалтираат три локални патни правци

Во рамки на годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за асфалтирање на улици и патишта низ руралните средини, а со средства од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на РМ, Општина Охрид заедно со изведувачот АД „Илинден“ наредниов период ќе асфалтира три локални патни правци на територијата на Охрид.

Ќе се асфалтираат, локален патен правец до с.Велестово(втор дел) во должина од 2 000 метри, локален патен правец од с.Вапила до с.Ливоишта во должина од 1 900 метри и локален патен правец во населба Рача кај месноста Кромидишта со вкупна должина од 900 метри. Трите локални патни правци се со вкупна должина од 5000 метри.

Во мометов градежната оператива на АД „Илинден“ активно работи на припемни активности за почеток на асфалтирањето на локалниот пат до с.Велестово. Се подтовува трасата на патот за асфалтирање и се работи на негово делумно проширување.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 30 милиони денари.

Asfaltiranje_Velestovo_4852