Се поставуваат подземни инсталации кај Гимназија

Jавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“ работaт на поставување подземни инсталации на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Јане Сандански“ каде се гради кружен тек. Со изградбата на атмосферската канализација и новата водоводна линија ќе бидат исфрлени од употреба старите азбест цементни цевководи.

Активностите на охридските јавни претпријатија на оваа крстосница се најобемни досега и се очекува истите да завршат на почетокот на месец март по што ќе биде воведен во работа изведувачот на градежните работи.