Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 572 странски државјани, од кои 169 од машки и 121 од женски пол, како и на 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 189 државјани на Сирија, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 17.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 се од женски и 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 17.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.02.2016 година евидентирани се вкупно девет баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.