Известување за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти во општина Дебрца

По стапувањето на сила на последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесени се 140 нови барања.

Краен рок за поднесување на геодетски елаборати за овие баратели е крајот на 2017 година. Овие барања се однесуваат на бесправно изградени објекти кои се изградени до 03.03.2011 година.

Вкупниот број на поднесени барања, пред стапувањето на последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти е 2348 барања.

За 530 барања доставени се Геодетски елаборати за бесправно изградени објекти од кои за 360 се донесени управни акти, односно решенија за легализација а за останатите во тек е дополнување на документацијата.

Се повикуваат жителите на општина Дебрца да ја искористат законската можност и до крајниот рок 31.03.2016 година да поднесат барања за легализација на бесправно изградени објекти.