Вевчани домаќин на Државното првенство во футсал за основни училишта

Во периодот од 18 до 20 Февруари, општина Вевчани ќе биде домаќин на државното првенство во футсал за основни училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството.

На отворањето на државното првенство ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, а ќе учествуваат следните основни училишта:

– ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани
– ООУ „Аврам Писевски“ – Скопје
– ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје
– ООУ „Никола Карев“ – Кочани
– ООУ „Тошо Арсов“ – Штип
– ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар

Државното првенство ќе се одржи во спортската сала, а отворањето ќе биде денес со почеток во 14:15 часот.