Еднодневна планинарска тура „Гушкање на Галичица“

Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш ги покануваат охриѓани на „ГУШКАЊЕ НА ГАЛИЧИЦА“, еднодневна планинарска тура на планината Галичица, која се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести (29 февруари), а како поддршка на интернационалната кампања под мотото ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС!

„Со овој настан, во името на сите лица со ретки болести, кои во потрага по лек пропуштиле многу прегратки и насмевки, сакаме да ја подигнеме свеста во јавноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести.

Бидете дел од овој атрактивен настан од кој ќе произлезат уникатни фотографии на прегратки направени на надморска висина од 2000 м. и кои ќе бидат објавени на онлајн албумот hugforrare.com со што ќе учествуваме во создавање на Гинисов рекорд во број на собрани фотографии од прегратки.“– велат од Црвен крст Охрид.

Добредојдени се сите оние кои се чувствуваат писхофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина: планинарски чевли, планинарски ранец (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода мин. 1.5 л., капа, очила и друга заштита од сонце).

Настанот ќе се реализира на 27.02.2016 (сабота) со поаѓање од Спасителната станица на Црвен крст Охрид кај местото Липова ливада (1650 мнв)-превој на планината Галичица, во 9:30 ч.

Поддршка на групата ќе бидат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

Заинтересираните треба, во сабота, најдоцна до 9:30 ч. да пристигнат на собирниот-стартен пункт кај Спасителната станица на Црвен крст Охрид кај местото Липова ливада (1650 мнв)-превој на планината Галичица.