Храбрите, хумани охриѓани, љубители на планината и природата ја искористија денешната единствена можност да се ГУШКААТ НА ГАЛИЧИЦА на 2255 мнв и да потсетат на лицата со ретки болести.
Во беспрекорна организација на Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш, предводени од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, во прекрасни временски услови, преку 50 Охриѓани од најразлична возраст, ги хранеа сите свои сетила со чист планински воздух и воодушевувачки глетки на Охридското и Преспанското езеро и околните планински масиви.
Многумина од нив за прв пат се соочија со предизвикот да се искачат на највисокиот врв на планината Галичица (Магаро 2255 мнв), а секако, со својата храброст, издржливост и упорност да стигнат до највисоката точка на Галичица, беа 6 годишните Миахела, Олег и Евгениј. Токму затоа и посебно силна и сочувствителна е пораката пренесена преку овие „ПРЕГРАТКИ ЗА РЕТКОСТА“ упатена кон сите оние кои се соочуваат со секојдневните предизвици на ретките болести.