СДСМ: Поддршка за Македонија – фер и демократски избори за враќање на европските вредности

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија е на светскиот Конгрес на IUSY (Интернационалната унија на млади социјалисти), во Тирана, Албанија, на кој се избира новото раководство на организацијата која ги обединува социјалистите и социјалдемократите од цел свет.

Претставниците на СДММ остварија и средби со сестрински подмладоци од цела Европа. Силна е поддршката за Република Македонија, за враќање на слободата и демократијата. Само на фер и демократски избори, со слободни медиуми и чист Избирачки список Македонија може да излезе од ќорсокакот во кој не доведе ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

СДММ има континуирана соработка со Интернационалната унија на млади социјалисти, која тековно известува за состојбите во Македонија и ги поддржува граѓаните, демократската јавност во борбата против режимската власт. Во екот на политичката криза, Интернационалната унија на млади социјалисти алармираше за изгубените вредности во Република Македонија, слободата, демократијата, владеењето на правото.

Исто така, членките на Интернационалната унија дадоа силна поддршка во пресрет на големиот граѓански протест на 17-ти мај и на Кампот на слободата. Претставници од раководството на IUSY беа дел и од летниот работен камп на СДММ, кадешто преку Резолуција ги поддржаа барањата на СДСМ за разрешница на кризата. 

Соработката продолжи и со организирањето на Конференцијата за млади лидери во Скопје. Се дебатираше за младинските проблеми, бегалската криза и обновување на евро – атлантските перспективи за Република Македонија.

sdmm_28022016