Меѓународен ден на ретки болести

Денес се навршува деветтиот меѓународен ден на ретки болести, координиран од страна на EURORDIS (Европската организација за ретки болести). Денот на ретки болести се одржува на последниот ден од февруари секоја година за да се подигне свеста за ретките болести.

За овој ден, стотици организации во земји и региони низ целиот свет одржуваат активности за подигање на свеста заснована врз слоганот: „Придружете ни се да направиме да се чуе гласот на ретките болести“.

Ретката болест, исто така позната како болест-сираче е секое нарушување што влијае на мал процент од населението. Иако болеста може да е ретка, пациентите и нивните семејства делат заедничка грижа.

WebOhrid