Нови успеси на „Хваранг Фист“ на 11-от таеквондо турнир „Србија Опен“

Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид учествуваше на 11-от „Србија Опен“ таеквондо турнир, прв викенд за оваа година исполнет со борби и дружење во Бачка Топола, Р.Србија.

Во друштво на 250 натпреварувачи од 27 клубови од 8 држави, во 5 категории, деца, кадети, јуниори и сениори, Хваранг Фист учествуваше со 8 натпреварувачи:

1. Јосифоски Филип – 3 место борби јуниори до 63 кг и 3-то место во форми (борба со замислен противник)
2. Симоноски Кирил – 2 место борби јуниори +75 кг
3. Стеваноски Валентин – 3 место форми пионери
4. Велјаноска Тамара – 1 место борби кадетки до 55кг и 3 место во форми
5. Јованоска Ангела – 1 место борби јуниорки +70 кг и 2 место во форми
6. Јовческа Ангела – 3 место форми црн појас 1 дан
7. Јовчески Василија – учество
8. Карадакоски Дамјан – учество

Симоноски Кирил го изгуби финалето по 2 продолженија на златен поен.

„Како тренер сум презадоволен од самиот настап на нашите натпреварувачи, без разлика на успехот. Докажуваме на секој турнир дека нашите борци со право се во самиот врв на Теквондото на Балканот па и во Европа.

Се на се, одличен почеток на натпреварувачката 2016 година, која се надеваме ќе помине без потешкотии со помош од нашите пријатели. Голема благодарност до пријателите од Забната Ординација ДЕНТОРИЈА кои ни помонаа во патувањето на овој прв и важен турнир за нас.“ – истакна тренерот Ацо Јосифоски.