Во автомобил пронајдена непозната смолеста материја и ампули апаурин

Вчера во 07:25 часот во Охрид полициски службеници извршиле преглед на ПМВ „Рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (35) од Кичево, во кое како совозач бил и Е.А. (42) од с.Шутово, кичевско.

Притоа, во возилото било пронајдено едно пакување со траги од непозната смолеста материја, една алуминиумска цевка и една алуминиумска фолија. Додека при преглед над лицето Е.А биле пронајдени 15 ампули „апаурин“. Со потврда за привремено одземени предмети, сите предмети се одземени, лицата се приведени во СВР Охрид и со нив е извршен разговор по што се пуштени.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.