Во сабота (27.02.2016 година) од страна на полициските службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државен инспекторат при Управата за јавни приходи, спроведена е акциска контрола во кафе бар, Спортска обложувалница и автомат клуб лоцирани на подрачје на Општина Куманово.
Од извршената контрола во кафе барот беше затекнато лице државјанин на САД кој што нема регулиран престој во Р.Македонија, истиот е приведен во СВР Куманово и за понатамошна постапка предаден на дежурен инспектор по странци, легитимирани се вкупно 11 лица и од страна на инспекциските служби не се констатирани недостатоци.
Од извршена контрола во спортската обложувалница на едно лице изрекната му е глоба за прекршок по основ на Закон за лични карти; на едно лице изрекната му е глоба за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице по Закон за заштита од пушење ; од страна УЈП по извршена контрола составен е Записник и се констатирани прекршоци казниви по член 157 став 1 точка 10 , 13 и 15 од закон за игри на среќа и при тоа е издадена глоба во висина од 15,000 еур (3 х 5,000 еур) како и глоба во висина од 30% на Одговорно лице во правно лице ; констатирано е дека двата компјутери кои што се користат во обложувалницата немаат лиценциран софтвер на „Windows„ при што истите се одзмени и против правното лице и управителот на правното лицеТ.К. (46 години) од Кочани поднесена е кривична пријава за сторено КД „Повреда на право од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ .
Од извршена контрола во автомат клуб на 4 лица изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за лични карти; на 4 лица изрекнати им се глоби за прекршок по основ на Закон за заштита од пушење а од страна на Државен пазарен инспекторат составен е Записник и издадена е глоба од 2,000 – 4,000 еур на правно лице од Закон за заштита од пушење; од страна УЈП по извршена контрола не се констатирани недостатоци, а констатирано дека од 3 компјутери кои што се користат во автомат клубот 1 има а за 2 компјутера во моментот неможе да се утврди дали поседуваат лиценциран софтвер на „Windows„ за што со писмено известување ќе биде известено ОЈО Куманово.