Прво и второ место за основци од „Живко Чинго“ на општинскиот натпревар по биологија

Денес во просториите на ОУ „Григор Прличев“, во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија, се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. Ученици од VII одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освоија првото и второто место на натпреварот.

Првото место го освои Екатерина Бочвароска, а второ местото Симона Кркачоска, под менторство на наставничката Маја Попоска.

Покрај овие ученички на Регионален натпревер пласирани се и други ученици за што се чека информација од Друштвото на биолози на Република Македонија.

WebOhrid