Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград и Преподобните Таласиј и Лимниј

Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград

Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.

Преподобните Таласиј и Лимниј

Сириски пустиници. Еден од нивните извонредни подвизи беше молчењето. По смртта на Св. Таласиј во 440 година Лимниј премина кај Св. Марон (14 февруари) и таму се подвизуваше на врвот од планината под отворено небо.

Свети Папиј Ераполски

Ученик на Светите апостоли и патролошки писател. Од него имаме сведоштво за Евангелијата на Матеј и Марко, за четирите Марии и за браќата Господови, како и за еден непотполно зачуван спис: „Изјаснување на Словото Господово.“