Приведен албански државјанин кој нарушил јавен ред и мир на ГП Св.Наум

Вчера во 19:30 часот на ГП-Св.Наум на излез од Р.Македонија, поради сторен прекршок по чл.14 од Закон за јавна чистота од страна на полициски службеници, на албанскиот државјанин Ш.И.(33) од Корча – Р.Албанија, му бил врачен платен налог, по што истиот го нарушил ЈРМ со викање и непристојно и дрско однесување, како и постапување спротивно на наредба на полицискиот службеник за забрана да се задржува на ГП.

Од извршениот алкотест со „Дрегер“, утврдена било 0,77 промили алкохол во организамот. Во 19.50 часот истиот е приведен и предаден на СВР-Охрид до отрезнување, по што на 06.03.2016 година ќе биде изведен пред ОС-Охрид.