Заев: Ти си таа промена, заедно за Македонија!

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ денес во Охрид организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“.

Маршот започна од спортскиот центар „Билјанини извори“, а продолжи по булеварот Туристичка, низ Чаршија и  заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

По завршување на маршот, свои обраќања имаа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски,  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените, членството и симпатизерите на СДСМ, заеднички да се изборат „за излегување од мрачниот тунел“, водени, како што кажа, од еден слеп водач на земјата.

„Во годините зад нас поминавме низ темен и мрачен тунел, водени од слеп водач, кој не доведе до работ на бездната.

Денес Охрид маршира. Денес жените од цела Македонија маршираат, денес Македонија е на нозе. Стојам пред вас за да ве уверам во мојата искрена верба дека нема сила што може да ме запре во напорите за обединунување на сите жени во Р.М. Македонија била и ќе биде вековна и еврпоска, таа е наша земја, земја на сите граѓани(ки) кои живеат во неа. Го вперувам прстот кон секоја жена во Македонија и велам Ти си таа промена, Ајде сите заедно за подобар живот на нашите синови и керќи, ајде заедно- Македонија е едно општество, ајде сите заедно за европска Македонија.“- рече Ласкова. 

„Жените социјалдемократки одлучија да маршираат во македонскиот Ерусалим, во Охрид, заради тоа што оттука сакаме да ги пратиме пораките на љубов, љубов према сите грагаѓни на РМ, љубов према Македонија, да ја пратиме пораката на силна верба, верба во нашата сила, силата на лидерот Зоран Заев, силата на граѓаните на Македонија.

Денес да ја пратиме пораката на надежта, за поинаква Македонија, за подобра економски и просперитетна и европска Македонија. Денес жените на Македонија се обединуваат заради тоа што сакаат да обезбедат егзистенција на нивините семејства. Жените на Македонија се обединуваат, затоа што повторно мора да се борат за работничките класи. Денес жените на РМ.се обединуваат за ги стопираат иселувањата на младите, на синовите, на ќерките. Жените се обединуваат за да понудат поинаква перспектива на оваа држава и на идните генерации, за повеќе правда за Македонија, а не само за партиските војници.“– рече Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, рече дека оваа партија со проектот „Вистината за Македонија“ им ги отворила очите на многу луѓе во земјата и во светот. Таа истакна дека светот видел хаос во изборниоте списоци, „со фантоми непознати за нашето соседство“.

„Почитувани пријателки се надевам дека проверивте колку непознати луѓе стојат на вашата адреса, се надевам дека проверивте колку доселени фантоми или непознати се доселиле и во нашето и ваше соседство. Таа вистина, вистината којашто ја слушавме сите изминати 12 или повеќе месеци отвори очи на илјадници луѓе низ Македонија, покажа не само дека го краделе буџетот, туку дека го краделе вашиот глас, земале од вашата слобода, посегнале по вашите права и затоа ова се избори на кои ќе кажеме стоп на едно семејство и една група да бидат господари на животот на секоја жена и маж во Македонија. Доста е готово.Ни треба нешто подобро– рече Шеќеринска.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека со овој традиционален марш, уште еднаш се покажува дека СДСМ нема да отстапи од борбата за правда, солидарност и еднаквост.

„Со овој традиционален осмомартовски марш Вие уште еднаш ја покажавте нашата борба од која нема да одстапиме. Борба за правда, борба за солидарност, за еднаквост. Борба за враќање на човечките вредности коишто за жал, во Македонија се изгубија. Вистинска борба за слободна и демократска Македонија. Ајде од убавиот Охрид во чест на 8-ми март да испратиме порака до сите граѓани од цела Македонија… Оваа година Македонијо… заедно сплотени како никогаш досега ќе воскреснеме 8 убави женски имиња. Тоа се: вера, љубов, надеж, вистина, правда, демократија, слобода… и најубавото име – Македонија!“- рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев најави воведување регистер за прекувремена работа кај сите работодавци и синдикална заштита на жените, поддршка во руралните средини, флексибилно работно време за младите мајки, втора смена во детските градинки и скратено работно време во годините пред пензионирање.

„Социјалдемоктарскиот сојуз ќе воведе Регистар за прекувремени работни часови, поврзан со Управата за јавни приходи. Работодавачите нема да можат повеќе да ги кријат вашите одработени часови. Ќе мора да ви ги платат.

Ќе поттикнеме секој правен субјект да мора да има синдикат што ќе ги штити правата на работниците.Ќе ги обезбедиме сите потребни заштитни механизми за да спречиме какво било насилство врз жените.Ќе обезбедиме државна поддршка за зголемување на бројот на жени претприемачи. Со тоа ќе овозможиме жените да водат сопствени бизниси.Ќе овозможиме вработувања на жените во руралните средини и поддршка за жени – фармерки.Ќе изградиме поголем број детски градинки, каде што ќе бидат згрижени децата. Ќе има втора смена во детските градинки, за да им олесниме на мајките кои работат во две смени.Ќе воведеме флексибилно работно време за мајките со мали дечиња.Ќе го гарантираме враќањето на истото работно место по породилното отсуство.Ќе го унапредиме работното законодавство со дополнителна заштита на бремените жени работнички.За жените работнички со навршени 57 години старост ќе овозможиме да добијат неполно работно време од 6 часа, до навршување на 60 години старост, со задржување на целата плата.За жените работнички со навршени 60 години старост ќе овозможиме да добијат неполно работно време од 4 часа, до исполнување на условот за пензија, односно 62 години старост, со задржување на целата плата..Институциите ќе работат во две смени, до 20 часот, што ќе ви го олесни извршувањето на приватните и службените обврски.Ќе има бесплатни сервиси за помош на еднородителските семејства и самохраните родители во нивното секојдневно функционирање.“- рече Заев.

WebOhrid