Одбележување на Меѓународниот ден на жената 8 март во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба, со специјална програма под наслов Жената борец за слобода и македонска државност, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената 8 март …

Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија, музејот им оддава почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија- Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири Трена и Мирка Гинова.

Во рамките на програмата предвиден е настап на хорот и драмската секција на ООУ Вера Циривири Трена од Скопје, музичките гости ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за адуио и визуелни уметности ЕСРА од Скопје. Специјални гостинки на Музејот на македонската борба, покрај министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, се и офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.