Мехмети: Време е за Албанец претседател на Собранието

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, денеска изјави дека е дојдено време барем претседателот на Собранието да биде Албанец. Таа на конференцијата „Промената на принципот на соодветна и правична застапеност во јавната администрација“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) рече дека на тој начин ќе се докаже дека Албанците се лојални на државните институции.

„Ако имаме функции резервирани само за мнозинството, не сме постигнеле ништо од Рамковниот договор. Мојата теза е дека доминантната заедница треба да биде гарант за правична застапеност на малцинствата во институциите, а не пречка за тоа. Кај нас со зголемување на бројот на заедниците во државната администрација, паралалено се зголемува и бројот на вработените Македонци и затоа не ја достигнуваме квотата на правична застапеност. Имаме неуставна политика за правично претставување“ – истакна пратеничката Мехмети.

Извор: meta.mk