На 09.03.2016 година во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик директорот на Државениот секретаријат за миграција на Швајцарската Конфедерација Урс Вон Арб, со цел анализа на досегашната состојба околу справувањето на Република Македонија со кризата, размена на различни искуства и примена на најдобрите пракси во однос на новите предизвици и новите решенија и одлуки донесени во рамки на ЕУ, нивното влијание за подобро менаџирање на балканската рута како и напорите на Република Македонија за зачувување на безбедноста и стабилноста на границите. Министерот Спасовски истакна дека за справување со кризата решенијата мора да се бараат во изворот односно во државите (Сирија, Авганистан и Ирак) од каде потекнуваат мигрантите.