Презентирана Стратегијата за развој на туризмот во Охрид (2016-2020)

Стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот од 2016 до 2020 година, беше презентирана на третата прекугранична средба од регионалниот проект за Охридското Езеро, што пред два дена се одржа во Поградец во Албанија.

Пред експертите од локалните и државните администрациии од Албанија и Македонија, секторите за туризам и локален економски развој, култура, заштита и одржлив развој на животната средина, стратегијата за развој на туризмот во Охрид, ја презентира Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.