Иванов-Алијев: Создадени се услови за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Азербејџан 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Азербејџан и учеството на 4. Глобален Баку форум, оствари средба со азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Азербејџан и беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог на највисоко ниво. Взаемен е заклучокот дека односите се пријателски, но недостасува содржина во соработката.

Одличните политички односи и контакти, солидната правна рамка и потенцијалите на двете земји, според претседателите Иванов и Алијев, создаваат услови за интензивирање на економската соработка, зголемување на обемот на трговската соработка и на азебрбејџански инвестиции, гасоводни проекти, безбедносна соработка. Македонскиот претседател на средбата ги претстави можностите за инвестирање во земјата, и го запозна претседателот Алијев со поволниот инвестициски амбиент во Република Македонија, со состојбите во македонската економија, како и со оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.

Претседателот Иванов ја реафирмираше поканата за официјална посета на претседателот Алијев на Република Македонија во втората половина на 2016 година.

На средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот, мигрантската криза и безбедносните состојби. Претседателот Иванов го запозна соговорникот со предизвиците од мигрантската криза, како и приоритетите за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Претседателот Алијев го запозна македонскиот претседател со состојбите во Нагорно-Карабах и за односите на Азербејџан со Република Ерменија.

Двајцата претседатели се согласија за натамошно продолжување и интензивирање на соработката на мултилатерален план.

Претседателот Иванов ја прифати поканата за учество на Самитот на алијансата на цивилизациите на Обединетите Нации, што на крајот на април ќе се одржи во Баку.

prm_alijev_3