Ограбена продавница во Струга

Вчера околу 21:45 часот во Струга, на ул.„Моша Пијаде“ поточно во продавница „Балко-Пром“ едно непознато лице со закана со пиштол од една вработена одзел околу 1000 денари и 25 штеки цигари по што го напуштил местото на настанот.

Увид на лице место извршила увидна екипа на Полициската станица – Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.