Вечерна богослужба во Каменско по повод Прочка – Поклади

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 13ти март (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Се известуваат православните верници дека од 14ти до 17ти март, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.

Од дебарско-кичевската епархија напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид.