Отслужена вечерна богослужба во Каменско по повод Прочка

Денес, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на празникот Прочка- Велики Поклади, според веќе одамна воспоставената традиција, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

procka2016_2-fill-500x333

procka2016_4-fill-500x333

По завршувањето на Вечерната богослужба, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.

procka2016-fill-500x333