Театарската импровизација „Импровокација“ на репертоар во Центарот за култура

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 17-ти март (четврток) повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Билетите за претставата во Music Shop ZZ-Top

ПреТпродажба: 150 ден

На ден на изведба : 200 ден.