Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на граничниот премин Деве Баир и планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет на планинските превои Стража, Буково и во Маврово.