Во текот на вчерашниот ден, во 15,30 часот, околу 1.500 мигранти илегално ја преминаа државната граница со Р. Грција во близина на с. Моин, гевгелиско. Покрај оваа група, беше спречена и друга група од околу 600 мигранти на самата гранична линија во намера илегално да влезат во Р. Македонија. Заедно со мигрантите кои илегално влегоа на територија на Р. Македонија беа и 72 странски новинари. Новинарите беа обезбедени и им беа издадени платни налози за илегално преминување на државната граница, по што во текот на вчерашниот ден беа вратени во Р. Грција.
Исто така мигрантите кои илегално преминаа на територија на Република Македонија беа вратени назад.