Приклучување кон новата водоводна линија во населба „Исток“

Во состав на проектите финансирани од Општина Охрид, проектот за реконструкција на водоводната линија во Населба Исток е во завршна фаза. Со реконструкцијата извршена е замена на постоечките цефки со профил ф 63мм со нови со профил од 90мм во должина од 75 метри.

Според предвидениот план започна и реконструкцијата на водоводната линија на Улица „Андон Дуков“ во Населба Кошишта каде е предвидена замена на старата водоводна линија со нова која ќе биде од полиетиленски материјал со профил од 63мм во должина од 200метри.

Со овие проекти ќе се подобри водоснабдувањето во овие делови од градот како и одржувањето на системот за водоснабдување.

Vodovod_nas_Istok_16032016_4851

Vodovod_nas_Istok_16032016_4852