Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје

Министерството за внатрешни работи, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје, ги информира кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Стрелец 2008 ДООЕЛ Штип“, дека на 23.03.2016 година во 16,00 часот во просториите на Испитниот центар “АССЕКО“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. Додека практичниот дел од стручниот испит ќе се одржи на 26.03.2016 година во 11,00 часот на стрелиштето во Штип.

Исто така за кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „ДТУ Таргетс ДООЕЛ Скопје“ на 24.03.2016 година во 16,00 во просториите на Испитниот центар “АССЕКО“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе се одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит.