Се поставуваат нови штедливи светилки во дворот на ОУ „Христо Узунов“

Во дворот на ОУ „Христо Узунов“ се врши целосна промена на осветлувањето. Како што информираат оттаму се заменуваат старите светилки со нови штедливи светилки што ќе значи намалување на електричната енергија за 50%, а додека осветлувањето на училишниот двор ќе се зголеми за 30 %.

GE DIGITAL CAMERA

„Ќе се заменат и застарените осигурувачи со нови автоматски, поради што доколку дојде до некој дефект веднаш сијаличното место да нема напојување на електрична енергија. Со оваа реконструкција ќе се зголеми безбедноста во училишниот двор, но и безбедноста од несакани последици на сијаличните места.“- вели директорот на училиштето, Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA