Средба на министерот Спасовски со министерот за Европа на Велика Британија Дејвид Лидингтон

Денес се одржа состанок меѓу министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и министерот за Европа на Велика Британија Дејвид Лидингто.

На средбата се разговараше за политичката криза во Република Македонија и мигрантската криза. Министерот Спасовски и министерот Лидингтон се согласија дека е многу важно изборите на 5. јуни да бидат кредибилни и фер и дека Министерството за внатрешни работи ќе има многу важна улога во обезбедувањето на услови за тоа. Министерот Спасовски го информираше министерот Лидингтон и за состојбата на границата со Грција, на која има десетици илјади мигранти.