Денес, во првата сабота од Великиот пост, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.