Иванов ќе се обрати на конференцијата „Геостратегиската положба на Македонија и бегалската криза“ во МАНУ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре ќе се обрати на отворањето на конференцијата „Геостратегиската положба на Република Македонија и бегалската криза”, што ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите, со почеток во 10:00 часот.

Конференцијата се организира во заедничка соработка на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.