Од денес календарски започнува пролетта

Денес, на северната полутопка на Земјата, во 5 часот и 30 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски започнува есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути минути. Пролетта обично почнува на 21 март, а тоа е ден кога ноќта и денот траат еднакво. Оваа година пристигна еден ден порано, на 20ти март, затоа што е престапна година.

За првиот ден од пролетта метеоролозите најавуваат сончево време со мала доумерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.

Пролетта ќе трае до 21ви јуни во 00 часот и 35 минути кога календарски започнува летото.

Prolet

WebOhrid