Овој петок концерт на Танец во Охрид

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец”, во петок (25ти март) ќе одржи концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид.

Концертот ќе биде со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари.

ПРОГРАМА:

1. ТЕШКОТО – Кореографија
2. ТРЕЕНИЦА – Кореографија
3. СУДБО МОЈА – Сузана Спасовска
4. НЕ ВИТКАЈ СЕ СОФЧЕ – Сузана Спасовска
5. МИТРА МОМА ПОПОВАТА – Сузана Спасовска
6. МАЛЕШЕВКА – Кореографија
7. ДОЈДИ ДОЈДИ МАЛОЈ МОМЕ – Пеачки Кор
8. ПОМНИШ ЛИ ЛИБЕ ТОДОРО – Пеачки Кор
9. СЕДНА БАБА ДА ВЕЧЕРА – Пеачки Кор
10. БЕЛОМОРСКИ БИСЕР – Кореографија
11. МОМИНСКО ОРО ИГРАОРНА ФАНТАЗИЈА И ЕСТРАДНО ОРО – Оркестарски Сплет
12. ДРАЧЕВКА – Кореографија

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

tanec mkd - copy