Предавање за оралното здравје во бременоста

По повод Интернационалниот ден на оралното здравје 20ти март, Црвен крст Охрид денес од 19:00 часот организира предавање на тема ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО БРЕМЕНОСТА.

Се покануваат сите заинтересирани бремени жени и оние кои планираат бременост, да ја искористат оваа можност да ги слушнат одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со важноста на оралното здравје во бременоста.

Предавањето ќе го одржи Д-р Кристина Стојаноска Алоска, волонтер во Црвен Крст Охрид.

Настанот е поддржан од стоматолошката ординација ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“, која за сите трудници, присутни на предавањето ќе овозможи бесплатни стоматолошки прегледи.

Доброто орално здравје е од витално значење за идната мајка и нејзиното бебе. Доколку се работи за планирана бременост, многу е важно да се посети стоматологот пред бременоста, за дa се поправат кариозните заби и да се санира устата. Тоа ќе ги спречи несаканите компликации и ќе ги зачува забите. Во тек на бременоста најважно е да се одржува редовна орална хигиена.