Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“,бр.31/16) од 22.01.2016 година, а со примена од 1 Март 2016 година.
Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примена на повластената даночна стапка и тоа во делот на:
-производи за човечка исхрана
-производи што се употребуваат за исхрана на животни
-бебешки производи и
-училишен прибор
Истовремено е прецизирано дека фолиите од пластична маса подлежат на повластена даночна стапка од 5% само ако се употребуваат во земјоделството.
Целосната Одлука во која се вградени и последните измени и дополнувања достапна е на веб страницата на УЈП или директно на следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/125.