Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16) општина Охрид распишува:

Ј А В Е Н П О В И К
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Јавниот повик за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” број 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), се распишува во првиот квартал на 2016 г.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став (1) точка 2 и тоа: детален урбанистички план (ДУП), урбанистички план за село (УП за село) и урбанистички план вон населено место (УПВНМ).

Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов или изменување и дополнување на постоечки: ДУП, УП за село, и УПВНМ, со конкретен предлог доставен од страна на подносителот на иницијативата. Иницијативите можат да бидат доставени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општина Охрид во определениот рок.

За поднесените иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.

Подносителите на прифатените иницијативи правни или физички лица во целост ги сносат сите трошоци за изготвување на урбанистичките планови.

Јавниот повик ќе биде објавен во службено гласило на општина Охрид, на веб страната на општина Охрид – www.ohrid.gov.mk, на огласна табла во општината , во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник.

Јавниот повик ќе трае од 21.03.2016 до 23.04.2016 година.