Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, се одржа општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта.
Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.
Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите.
Победник на натпреварот е ОСУ „Св.Климент Охридски“, кој во финалето го совлада ОУТУ „Ванчо Питошески“ со резултат 19:14.
Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе учествува на регионалниот натпревар во ракомет кој ќе се одржи на 6-ти април (среда) во Неготино.
Инаку, натпреварот се одржува трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.
WebOhrid