Врз основа на член 13-б став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за интерес за доставување на адаптирани учебници од странство за основно образование
(1) Предмет на јавниот повик: Доставување на барање за одобрување на адаптиран учебник од странство на учебници за следните наставни предмети:
– Математика за VII одделение на деветгодишно основно образование
– Математика за VIII одделение на деветгодишно основно образование
– Математика за IX одделение на деветгодишно основно образование
– Биологија за VII одделение на деветгодишно основно образование
– Биологија за VIII одделение на деветгодишно основно образование
– Биологија за IX одделение на деветгодишно основно образование
– Хемија за VIII одделение на деветгодишно основно образование
– Хемија за IX одделение на деветгодишно основно образование
– Физика за VIII одделение на деветгодишно основно образование
– Физика за IX одделение на деветгодишно основно образование
(2) Барање за одобрување на адаптиран учебник од странство може да поднесе
-домашен издавач,
-странски издавач кој е регистриран за издавачка дејност во државата во која му е седиштето преку овластени законски застапници во Република Македонија
(3) Кон барањето домашниот издавач, како и странскиот издавач, преку овластени законски застапници во Република Македонија задолжително приложува:
-адаптиран учебник од странство, преведен на македонски јазик, ликовно и графички разработен и јазично уреден во шест примероци од кои пет во печатена форма ( три во колор и два во црно бело ) и еден во електронска форма,
-изјава од лектор за јазично уредување на текстот,
-список на лице/лица кои го преведувале адаптираниот
учебник од странство,
-домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,
-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за
издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија .
(4) Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
(5) Заинтересираните издавачи може да ги подигнат адаптираните и
преведените наставни програми во просториите на Педагошката служба ул.,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, а Концепцијата за изработка на учебникот можат да ја превземат од веб страната на Бирото за развој на образованието.
(6) Некомплетната и ненавремено доставената документација нема да се земе во предвид.
(7) Домашниот или странски издавач на кој Педагошката служба ќе му даде одобрение за употреба на учебникот усогласен со донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations) потребно е да добие одобрување (endorsement) на учебникот од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations). Постапката за одобрување (endorsement) е на трошок на издавачот.
(8) Барањето за одобрување на адаптиран учебник од странство да се достави на следната адреса
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје