Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список.
Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи.
На вчерашната седница, членовите на ДИК одлучија да се проверат вкупно 89.383 лица.
Основаноста на сомнежите ќе се испитува преку анкетни прашалници, а од ДИК велат дека нема веднаш да се бришат спорните гласачи од избирачкиот список ниту, пак, ќе има казни за граѓаните што ќе одбијат да соработуваат и да ги дадат бараните информации.
Теренската проверка ќе ја спроведуваат 374 анкетари, придружувани од претставници на четирите политички партии.