Голем успех за основци од „Св.Климент Охридски“ на Регионалниот натпревар по природни науки

Учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“ со најголем успех на Регионалниот натпревар по природни науки.

Основците Петар Алчески ( прво рангиран), Ѓорги Чинго (второ рангиран) и Ангела Србиноска (трето рангирана) од вкупно 65 учесници од регионот си обезбедија учество на Државниот натпревар, каде што ќе имаат можност повторно да ги докажат своите знаења.

Овие ученици беа под менторство на наставникот Галина Малезанова.

„Честитки за учениците и менторот Галина Малезанова и им посакувам уште поголеми резултати на Државниот натпревар.“– вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

WebOhrid