Во јануари потрошени 819.607 мегават-часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 819 607 МWh електрична енергија, 33.879 мил. нм3 природен гас, 674 028 тони јаглен и 60 516 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 77.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.