Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи, денеска, во Тетово, потпишаа договор за финансирање на проектотза Изведување на градежни работи согласно главен проект за регулација на коритото на река Речица.
„За зафатот за регулирање на коритото од реката во Голема Речица од буџетот на министерството се обезбедни 5,5 милиони денари“ – изјави министерот Изаири нагласувајќи дека оваа активност е дел од Акциониот план за справување со поплавите во Тетовско кој е во фаза на завршување и со кој меѓу другото се предвидува регулирање на коритотот на р. Пена и санирање на браните.Воедно, со подршка од УСАИД, треба да започнат работите на коритото на реката во Доброште, како и проектни зафати за превенирање на можни идни поплави во с. Шипковица.
Градоначалникот на Тетово, Арифи изрази благодарност до Министерството за поддршката при финансирање на повеќе инфраструктурни зафати низ Тетово, посебно издвојувајќи ја изградбата на новиот водоводен систем за снабдување на градот со чиста и здрава вода за пиење, која е во завршна фаза.