Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид – Велестово

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во присуство на мештаните од село Велестово и бројни охриѓани, денеска свечено го стави во употреба патот Охрид – Велестово којшто е реконструиран по целата должина од 4 087 метри.

Според градоначалникот Бакрачески денешниот настан е потврда на стратегијата на локалната власт за подеднаков и рамномерен развој на сите делови од Охрид.

„Импактот од реконструкцијата на овој патен правец сметаме дека ќе биде повеќекратен пред се за жителите на ова охридско село кои од 70-те години на минатиот век до сега одеа по видно оштетен пат затоа што ова е негова прва посериозна реконструкција од тогаш. Корист ќе имаат и туристите и гостите коишто доаѓаат во Охрид и кои ги користат благодетите на руралниот туризам како и рекреативците кои патеката ја користат за таа намена“, рече градоначалникот Бакрачески осврнувајќи се на параметрите од овој патен правец.

„Асфалтирана е вкупна површина од 17 400 м2 во должина од 4 087 м. Проектот го започнавме минатата година кога во прва фаза на асфалтирање беа опфатени околу 900 метри односно две делници и тоа: делницата на влезот во селото Велестово и делницата што е на почетокот на патот од бензинската пумпа на Националниот Парк „Галичица“. Годинава се реализира втората фаза во која беа асфалтирани дополнителни 3.217 м. Патот којшто е широк 3,5 метри е проширен за повеќе од 50 сантиметри и се поставени банкини по целата должина со широчина од 0,5 метри. Поставен е висококвалитетен асфалт. Во првата фаза вредноста на реконструкцијата беше 6.556.611 денари, пари обезбедени од Агенцијата за патишта на Р. Македонија а во втората фаза вредноста е 14.539 474 денари, средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на РМ.Вкупната вредност на проектот е 21.096.085 денари“, – додаде Бакрачески.

rekonstrukcija_pat_velestovo_4002

„Му благодарам на градоначалникот Бакрачески за прекрасно изградениот пат. Пат кој што одамна требаше да биде направен , пат кој беше многупати ветуван од други власти ноникогаш изграден. Уште еднаш ви благодариме , бидејќи вие собравте сили, покажавте доблест и се направи овој пат. Овој пат ќе го отвори развојот на Велестово, една прекрасна дестинација како за развој на руралниот , така и на селскиот, планински туризам , а пред се ќе го подобри животот, на оние малку семејства кои живеат во село Велестово“, – истакна Стојан Митрески од МЗ Велестово.

rekonstrukcija_pat_velestovo_400

Општина Охрид во изминатиов период ги реконструира патиштата и кон останатите охридски села, Елешец- Елшани; Вапила – Сирула; Патот што ги поврзува Горно и Долно Лакочереј; неодамна заврши реконструкцијата на патот Вапила Ливоишта, започнати се подготвителни активности за асфалтирање на патот Рача – Кромидиште по што наредниов период ќе започне реконструкцијата на патот Косел -Ливоишта. Патишта имаме изградено во Косел, Коњско, Лескоец, Велгошти и во други охридски села.