Средношколци од „Св.Наум Охридски“ најдобри на Регионалниот натпревар на стручните училишта

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар на стручните училишта од Прилеп, Битола, Струга и Охрид кој се одржа на 25-ти март. Се натпреваруваа вкупно 17 ученици од III година, во 5 образовни профили од електротехничката, машинската и сообраќајната струка.

Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покажаа најдобри резултати и обезбедија учество на државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Струмица.

Први места освоија Климент Ѓорѓиевски – автотехничар мехатроничар, Филип Милошески – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Кристијан Богданоски – техничар за патен сообраќај.

Втори места освоија Петар Николовски – машински техничар, Александар Колески – техничар за компјутерско управување.

sl2