Врз основа на Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2016 година, Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири донесе Одлука за избор на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање на животната средина за 2016 година. Согласно Одлуката, за Општина Дебрца доделени се финансиски средства за Изработка на техничка документација за инфраструктурни и основни проекти за изградба водовод и канализации.
За таа цел Градоначалникот на Општина Дебрца денес во просториите на Министерството за животна средина потпиша три договори за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација, и тоа:
– Договор за деделување на финансиски средства за проектот „Изработка на техничка документација за инфраструктурен и основен проект за реконструкција на водовод во село Мешеишта” со вредност од 802.400,0 денари.
– Договор за деделување на финансиски средства за проектот „Изработка на техничка документација за инфраструктурен и основен проект за фекална канализација во село Ботун” со вредност од 507.400,0 денари.
– Договор за деделување на финансиски средства за проектот „Изработка на техничка документација за инфраструктурен и основен проект за фекална канализација во село Ново Село” со вредност од 389.400,0 денари.