Се известуваат сите физички и правни лица дека архивата во општина Охрид денеска и утре ќе работи од 8:00 до 20 часот, со цел да се запази законскиот рок за поднесување барања за легализација на диво изградени објекти кој истекува утре, 31-ви март.
Од општина Охрид упатуваат апел до граѓаните и компаниите што немаат доставено барање за легализација, а сакаат да ги легализираат дивоградбите тоа да го направат денес или најдоцна утре.
За оние коишто веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември 2016 година. Можат да се легализираат само дивоградбите коишто биле изградени заклучно со 3 март 2011 година.